logo
logo
logo

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“

Vecer | 14.05.2022

Посебен сообраќаен режим поради натпреварот „Триоги Триатлон“

Поради натпреварот „Триоги Триатлон“ денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје. -Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно, информираат од МВР. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk