logo
logo
logo

Посебен режим на сообраќај во недела (25.09.2022) во Скопје - Хуманитарна ИТ трка на СОС ДЕТСКО СЕЛО

Vecer | 24.09.2022

Посебен режим на сообраќај во недела (25.09.2022) во Скопје - Хуманитарна ИТ трка на СОС ДЕТСКО СЕЛО

Посебен режим на сообраќај во недела (25.09.2022) во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка. 

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“. 

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

IT4Charity 2022 движењето продолжи со Хуманитарна ИТ трка оваа година.

Проектот почна на 20 мај, а завршува на 25 септември со голема трка.

СОС ДЕТСКО СЕЛО е оранизатор на првата хуманитарна ИТ трка која ќе се одржи во Скопје на 25 Септември 2022 година.

На хуманитарната ТРКА учествуваат единствено ИТ компании кои преку финансиски донации за поддршка на работата на СОС Детско село овозможуваат нивните вработени да бидат дел од овој настан.

Трката почнува на 25 септември, недела во 09.00 часот, на вело патеката на Кеј кај хотелот Александар Палас, а ќе заврши во Ново Лисиче, кај Парк Авионче околу 12 часот.

На финишот ќе се одржи 1 часовен настан кој што има за цел да ги зближи учесниците и нивните семејства кои се бидат поканети да ги пречекаат заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

На самата локација на платото на Парк Авионче организаторот СОС Детско село ќе постави уникатни реквизити за спортски и забавни активности во кои ќе можат да уживаат сите посетители под мотото настан за семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk