logo
logo
logo

Португалскиот предлог прифатлив за министрите на Австрија, Словенија и Чешка, А ЗА НАС?

Vecer | 22.05.2021

Португалскиот предлог прифатлив за министрите на Австрија, Словенија и Чешка, А ЗА НАС?

На денешната работна посета, Министрите за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, на Словенија Анже Логар и на Чешка Јакуб Кулханек го поддржаа предлогот на португалското претседателство на ЕУ за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Тројцата министри по средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи кажаа дека сега е време ЕУ да го испорача ветеното на Македонија.

„Вчера дојдоа овде со предлог финално решение за надминување на разликите меѓу нас и Република Бугарија.

Се случува тој предлог и во услови кога ние и билатерално воспоставивме комуникација и работиме на враќање на довербата.

Деновиве двајцата претседатели ќе патуваат заедно за Ватикан. 

Во меѓувреме се договориме со бугарското Министерство за надворешни работи заеднички, неколку амбасади, низ неколку главни града во светот, заеднички да го одбележуваме Денот на Св.Кирил и Методиј и да продолжиме со имплементација на чекорите на секторска соработка, бидејќи како што често кажувам во услови на недоверба и најмалите проблеми изгледаат ненадминливи, во услови на доверба сите прашања може да се решаваат“ рече Османи одговарајќи на новинарско прашање.

Истакнаа дека времето е клучно и дека ниту ЕУ ниту Македонија не можат да си дозволат да се заглави со вакви историски спорови и барања, поради што сега е важно во јуни да се одржи планираната меѓувладина конференција за почеток на пристапните преговори.

Тие ги повикаа и Бугарија и Македонија да го намалат тонот и емоциите оти договор мора да има, зашто не станува збор само дека Македонија ќе изгуби, туку дека и ЕУ да изгуби ако спорот не се реши и не почнат пристапните преговори.

Министерот Османи повтори дека предлогот што вчера во Скопје и Софија го доставија португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е добра основа за решавање на спорот, оти отвора пат за враќање и градење на довербата меѓу двете земји, пред се со имплементација на Договорот за добрососедство како основа за доверба.

„Роковите се кратки, јунскиот самит е неповтролива можност која ни се нуди и треба да да се обидеме со добвра волја и со поддршката која ја добивме да ја искористиме.

Ова е важно оти регионот се наоѓа пред критична точка на губење на доверата во кредибилитетот на европскиот процес“, рече Османи и додаде дека не мисли дека треба сега преку медиумите да се откриваат деталите од предлогот.

Словенечкиот министер Логар кажа дека евроинтерграцијата на Западен Балкан во ЕУ ќе биде приоритет на словенечкото претседателство кое почнува од 1 јули.

Тој кажа дека Словенија му дава големо значење на дијалогот и смета оти е добро што претседателите на Македонија и на Бугарија Стево Пендаровски и Румен Радев заедно во Рим ќе го одбележат Денот на словенската писменост Св. Кирил и Методиј, 24 Мај.

Чешкиот министер Кулханек ја повтори чешката позиција дека билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтергацискиот процес на земјата.

По средбите со Силва и Вархеји, бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев вчера кажа дека не треба да се очекува промена на политиката на Бугарија кон Македонија.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=a8O7Rjiiuas[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk