logo
logo
logo

Поради пестициди забранет увоз на македонско грозје во Република Српска

Vecer | 28.09.2021

Поради пестициди забранет увоз на македонско грозје во Република Српска

Врз основа на извештајот за лабораториска анализа издаден од „Институтот за вода“ во Бјелина, во кој е испитано присуството на 180 активни супстанции, во анализираниот примерок открино е зголемено присуство на пестициди „фосмет“ над вредностите пропишани со Уредбата за максимално ниво на остатоци од пестициди во и на храна и храна за животинско и растително потекло. Поради тоа, фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забрани увоз на пратка свежо грозје со потекло од Македонија, во износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, јави дописникот на МИА од Белград.

-При редовниот преглед на пратка храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да испита остатоци од пестициди, соопшти Инспекторатот на Р.Српска, пренесува РТРС.

Постапувајќи по резултатите од анализата, инспекторот донесе решение со кое се забранува увоз и нареди враќање на спорната пратка на испраќачот или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Од Инспекторатот потсетија дека овој месец поради зголеменото присуство на пестициди беше забранет увозот на 6.842 килограма трпезно грозје од Албанија и 660 килограми свежа краставица од Македонија, додека увозот на 24 тони компири со потекло од Полска беше забранет поради утврдено присуство на економски штетен организам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk