logo
logo
logo

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Vecer | 30.07.2021

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со закон, врз основа на член 33, став 2 од Законот за културата, информира Министерството за култура.

„По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките“, стои во писмениот допис од ова министерство.

Во соопштението се додава дека врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје пред истекот на мандатот.

„До избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените“, соопштија од министерството.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk