logo
logo
logo

Поради најавените ниски температури, здравствените власти со препораки до граѓаните

Vecer | 15.02.2021

Поради најавените ниски температури, здравствените власти со препораки до граѓаните


Поради ниските температури кои се најавуваат за утре на целата територија на државата, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци.

Од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачуваат и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

„Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре се најавува жолта (алетрна фаза).

Времето во текот на утрешниот ден ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 Целзиусови степени.

Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Од УХРМ информираат дека до сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд во пониските и снег во повисоките места и на планините.

Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk