logo
logo
logo

Поради чести кражби, жителите од Кочанско се заканија со протести

Vecer | 15.03.2021

Поради чести кражби, жителите од Кочанско се заканија со протести

Зголемување на безбедноста или нови и поголеми протести. Жителите на кочанската населба Трајаново трло велат дека наместо на подобро работите тргнале на полошо откако минатата недела со блокирање на улиците во населбата го изразија своето незадоволство, пренесува 24.мк.

Велат кај нив има повеќе полиција, па дел од крадците почнале да ги напаѓаат домовите во соседната населба Усова чешма. Секој ден има по две три кражби, а синоќа патролите што жителите на Трајаново трло сами ги организираат сопречиле уште една.

Од полицијата велат дека токму последнава кражба говори дека тие се присутни на теренот. Сторителот веднаш е фатен, задржан во полиција и веројатно предметот ќе биде решен по брза постапка.

- Ние ги преземаме сите мерки за безбедноста на жителите од Трајаново трло. Обезбедивме 24 часовни патроли на терен и ги расчистивме сите случаи бидејќи ни е важно граѓаните да се чувствуваат безбедно, велат од СВР Штип за 24.мк.

Жителите од оваа населба за своите барања подршка добија и од општината од каде ветија дека ќе се решат и останатите проблеми,  бидејќи делови од населбата се претвораат во диви депонии, а секојдневно се палат гуми и електрични кабли со што практично не може да се дише. Во слична сутуација беа и жителите на неколку штипски улици, кои своите домови ги затворија со високи решетки.

Извор: 24.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk