logo
logo
logo

Попуст во кафеани, бесплатни патарини, паркинг: Што ќе добијат српските туристи?

Vecer | 06.04.2021

Попуст во кафеани, бесплатни патарини, паркинг: Што ќе добијат српските туристи?

Српските туристи сигруно ќе можат да престојуваат во хотелите во туристичките центри со попуст од 10 до 20 отсто, од мај до крајот на годината, но дали ќе можат да ги користат автопатиштата бесплатно и да користат бесплатен паркинг во туристичките градови сѐ уште не се знае, пишува Плус Инфо.

Премиерот Зоран Заев најави дека српските туристи ќе бидат ослободени од плаќање патарини на патувањето низ земјава како благодарност за вакцините. Тој рече дека ќе им се даваат картички на сите возила со српски регистарски таблички, но не кажа во кој период би се реализирала активноста.

Дополнително и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка Љупчо Јаневски побара хотелиерите, угостителите, како и општините и институцииите од културата поврзани со туризмот да обезбедат попусти или бесплатен паркинг и бесплатен влез во музеите за овие туристи.

– Мерката е предвидено да се реализира во летниот период – мај јуни јули и август кога српските туристи ќе дојдат во нашата земја. Ќе се даваат вињетки на секое возило на српските државјани на граничните премин – рече Заев вчера како одговор на наше прашање.

Тој додаде дека сегашните пресметки се однесуваат на 35.000 српски граѓани колку што ја минале границата лани односно вкупен трошок од 700.000 ерва.

– Трошокот е 20 евра за патарина пати 35.000 туристи. Но, ќе се прават дополнитлени пресметки за бројот на туристи од претходните години и ќе се види колку ќе биде. Имаме време до мај да ја донесеме оваа одлиука – рече Заев.

Владата планира да ја покрие загубата на јавното претпријатие за државни патишта за оваа мерка.

Засега сигурно е дека хотелиерите ќе им дадат попуст од 10 до 20 отсто за престој на српските туристи и тоа во периодот од мај до крајот на годината.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk