logo
logo
logo

Попов: Кога една Влада ќе види дека 52% од населението вели дека живеело подобро пред таа Влада да дојде, треба да сфати дека не ја бидува, дека нема капацитет да ги реши проблемите граѓаните

Vecer | 05.02.2023

Попов: Кога една Влада ќе види дека 52% од населението вели дека живеело подобро пред таа Влада да дојде, треба да сфати дека не ја бидува, дека нема капацитет да ги реши проблемите граѓаните

„Како ВМРО-ДПМНЕ и како Унија на млади сили изминатиов период имавме серија на наши предлози до Собранието на Република Македонија кои што за жал од владиното мнозинство беа одбиени. Тоа беше на пример еве зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 160 денари бидејќи имаме галопирачка инфлација во државата и 120 денари пред една година и 120 денари моментално не вредат исто. Имавме и амандмани во Собранието исто така и наши предлози за издвојување на финансии за реконструкција на студентските домови и изградба на очекуваните студентски градови од страна на Владата. Но,сите овие предлози од странана владејачкото мнозинство беа одбиени“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Детектор“ на Сител телевизија. Попов додаде дека на опозиција и преостанува да врши притисок во Собранието преку предлози и преку амандмани, и преку активности и акции за поткренување на свеста.
„Сепак на владејачкото мнозинство и на мнозинството во Парламентот и Владата е сите овие предлози кои што ние ги даваме да ги реализира и да ги имплементира. За жал немаме слух и немаме соработка од страна на власта за младинските прашања“, нагласи Попов.
Тој посочи дека Унијата на млади сили од ден на ден се зголемува и има доста голем интерес за пристапување во УМС. Младите луѓе веруваат во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сакаат да ја менуваат државата на подобро.
„Кога една власт, една Влада ќе види дека 52% од населението вели дека живеело подобро пред таа Влада да дојде, да биде Влада, мислам дека е крајно време таа Влада да се откаже од тоа што го прави и да сфати дека не ја бидува, дека нема капацитет да ги реши проблемите и да го направи животот на граѓаните подобар. Така да мислам дека веќе е апсолбирана тема, дека оваа Влада капацитет нема и ова е само уште една анкета која што истото ни го вели“, нагласи Попов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk