logo
logo
logo

Попов до СДММ: „Не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер“

Vecer | 12.06.2021

Попов до СДММ: „Не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер“

Денеска во Битола се одржа 30-та Годишна конференција на УМС. Претседателот на Унијата на млади сили, Сегеј Попов во своето обраќање ги испрати следниве пораки:

„Сега ќе упатам порака до нашиот политички опонент, до социјалдемократската младина, не одете по патот на пропаста кој го трасира вашиот лидер, излезете од мантрата на понижување,која ве користи за лично богатење и опстојување на власт, утре вие ќе го носите товарот дека сте направиле штета на сопствената земја. Земја која треба да ја градиме сами со свои идеи, цели и сили. Тешката ситуација во Македонија е она кое сите нас не обединува.“

„Нашата кауза и борба не познава разлики, знае само за една разлика: Дали сме за Македонија или сме за стагнација и апатичност? ВМРО и УМС како најважен дел од борбата ќе го поведе процесот на обнова, со кој ќе зачекориме во успеси и подобра иднина. Македонија нема повеќе време за губење и Македонија нема повеќе деца за губење. Сега е времето кога ќе се исправиме пред сите предизвици, достојни сме и способни да се справиме со сите проблеми, да изградиме општествен систем и да си обезбедиме соодветна иднина. Македонија ќе ги победи сите предизвици! Македонија ќе успее!“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk