logo
logo
logo

Мицкоски:

Пописот е со многу турбуленции

Vecer | 16.09.2021

Пописот е со многу турбуленции

Спроведувањето на пописот е проблематично, оцени лидерот на опозоциската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Тетово. Според него, власта нема способност за успешна реализација на пописот.

- Од она што знам има многу турбуленции многу недостатоци во системот, системот паѓа, луѓе ги враќаат, ја враќаат опремата, бројката и динамиката која што се спроведува на терен од оној лимитиран број на информации кои што ги добиваме неофицијално се разбира не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција. Тоа е резултат на неспособна институција и Влада затоа проблемите не треба да ги одлагаме туку хируршки и прецизно да ги отстраниме а тоа ќе се случи на овие локални избори, истакна Мицкоски.

Во Тетово ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со поддршка на кандидатот за градоналачник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, најави Мицкоски на новинарско прашање, зошто немаат свој кандидат.

- Уште во првиот круг ВМРО ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива овде во Тетово, а советничката листа која ја има ВМРО ДПМНЕ очекуваме да освои рекорден број советници. Нашата цел заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива е онаму каде што уште во првиот круг ќе се поддржиме да ги поразиме овие криминални политики на коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk