logo
logo
logo

Помалку позитивни на корона, АМА ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ, за една недела според ИЈЗ

Vecer | 13.04.2021

Помалку позитивни на корона, АМА ПОВЕЌЕ ПОЧИНАТИ, за една недела според ИЈЗ

Министерството за здравство информира дека според неделниот извештај на ИЈЗ за периодот од 05 до 11 април 2021, намалување за 13,4%  на позитивни случаи во однос на минатата недела, односно регистрирани сe 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата.  

Според соопштението тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.857; 41,6%), со неделна инциденца – 462,6/100.000. Највисока неделна инциденца од 525,2/100.000 е регистрирана во ПЕ Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 16,2 до 29,6%, или во просек 24,3%, со зголемување за 5,0% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=2.106, 30,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=1.245; 18,1%), 40-49 (n=1.201; 17,5%), 30-39 (n=1.176; 17,1%) и 20-29 (n=711; 10,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=112; 1,6%) и 10-19 години (n=316; 4,6%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години.

Во соопштението се деодава дека на 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со 11.04.2021, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – Pfizer/Biontech и 2.996 – Sputnik V) и 5.857 (3.817-Pfizer/Biontech и 2.040- Sputnik V ) со втора доза на вакцина против КОВИД19. Од 31.03.2021 започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11.04.2021 вакцинирани се 8.330 лица.

 Од 05.04.2021 се започна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093, велат од МЗ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk