Поради епидемијата, карантините, затворените граници и стискањето на новчаникот опадна увозот на половни возила, дополнително и поради новиот данок што беше воведен на почетокот на годината.

Според Царинската управа на Македонија трендот на нагло покачување на увозот почнал уште во јануари годинава, кога во земјава влегле 1.660 употребувани автомобили, наспроти јануари лани кога границата на државава ја преминале 1.224 употребувани возила.

Увозот на стари автомобили уште повеќе се засилил во февруари, во земјава влегле 2.825 стари коли, наспроти 1.950 возила кои се увезени во февруари минатата година.

Според податоците на Царинската управа во јануари и февруари годинава во земјава биле увезени 5.851 автомобили, наспроти истиот период лани, кога во земјава влегле вкупно 4.617 патнички возила, што значи дека се случила експлозија на увозот при што за само два месеци се увезени 1.240 возила повеќе од лани во истиот период.

За разлика од увозот на половни возила се намалува купувањето на нови автомобили. Ако во јануари и февруари лани биле увезени  404 (јануари) и 570 (февруари) нови патнички автомобили, во првите два месеци од годинава тој број се намалил на 364 и 453 увезени нови автомобили.