logo
logo
logo

Половина Скопје затворено поради Ден без автомобили

Vecer | 21.09.2021

Половина Скопје затворено поради Ден без автомобили

По повод „Ден без автомобили“, настан кој ќе биде организиран утре во 11 часот од Град Скопје по повод Европската недела на мобилност, во градот ќе има изменет режим на сообраќај.

Имено, трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-улица „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Партизански одреди“, десно по булевар „8 Септември“ и десно по булевар „Илинден“ до Школката во Градски парк.

- Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk