Половина Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известија дека утре, заради промена на затворач на водоводна мрежа, без водоснабдување ќе останат корисниците од три скопски општини.

„Од 9 часот, до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од Гази Баба, Чаир, Кале, Топаанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, Железарница и високата зона Автокоманда“, соопшти Јавното претпријатие.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари