Само 15 кандидатки за градоначалнички

Политичари сакаат жени, ама не политичарки

- Анкетите што ги спроведовме покажуваат дека населението е многу понапредно од тоа што се партиите. Педесет и девет проценти од населението воопшто не води сметка за родовата застапеност, 23 проценти изјавиле дека преферираат жени, а 16 проценти мажи за градоначалници... Време е за промени во Македонија. Време е Македонија да ја достигне Европа... Жените не се веќе задоволни да бидат носители на позициите туку сакаат да бидат дел на поголемата слика. Тоа го имаат сфатено малите партии, време е сега и поголемите партиите да го сфатат истото, рече Хеншо.

Општина Старо Нагоричане има најголеми шанси да добие жена градоначалник. Кандидати на двете најголеми партии се дами, Жаклина Јовановска од СДСМ и Елена Јакимовиќ од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кои во трката за престижната општинска функција ќе влезат заедно со колегата од НДМ, Милош Стојмановски.

Јовановска и Јакимовиќ се две од вкупно 15 кандидатки за градоначалнички кои на претстојните локални избори закажани за 15 октомври ќе се обидат да ја придобијат довербата на гласачите. Објективни шанси, шанси за градоначалничка функција имаат мал број од нив. 

Секоја од нив успешна во својата професија, но и сите посветени мајки, сопруги, ќерки, почитувани политичарки, присуствуваа на промоцијата на кандидатките за градоначалнички.

Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички, рече дека и покрај добрите резултати што значи околу 34 проценти жени во актуелниот пратенички состав во Собранието на РМ и 30 проценти во локалните совети кои се постигнати благодарение на изборната регулатива со родови квоти за жени досегашната застапеност на бројот на жени градоначалнички и кандидатки за градоначалнички апсолутно не задоволува.

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија во соработка со собраниската Комисија за еднакви можности на жените, по локалните избори ќе покренат иницијатива за зголемување на бројот на жени градоначалнички.

- Клубот на пратенички на Собранието во соработка со собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе започнат иницијатива за измени и дополнувања на изборниот законик со што, иако се подразбира позитивна дискриминација, сепак, ќе успееме во иднина да го зголемиме бројот на кандидатки за градоначалнички од кои би се зголемил и бројот на избрани градоначалнички, рече Касапи.

Според Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при македонското Собрание, ако на претходните локални избори имаше 26 кандидатки за градоначалнички денес, вели, има само 15. Таа оцени дека лицемерно би било со толку малку кандидатки за градоначалнички да потпишуваат некаква декларација за изборите, затоа ќе ја покренат иницијативата за законски измени по изборите.

Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт во Македонија, посочи дека од независноста до денес само 22 жени биле министри во сите досегашни влади во Македонија, во минатиот владин состав имало четири министерки, а во актуелниот се три. Тој ја искоментира и ниската процентуална застапеност на жените на кандидатските листи на партиите за градоначалници, каде, според него, нема подобрувања.

- Анкетите што ги спроведовме покажуваат дека населението е многу понапредно од тоа што се партиите. Педесет и девет проценти од населението воопшто не води сметка за родовата застапеност, 23 проценти изјавиле дека преферираат жени, а 16 проценти мажи за градоначалници... Време е за промени во Македонија. Време е Македонија да ја достигне Европа...

Жените не се веќе задоволни да бидат носители на позициите туку сакаат да бидат дел на поголемата слика. Тоа го имаат сфатено малите партии, време е сега и поголемите партиите да го сфатат истото, рече Хеншо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари