logo
logo
logo

Мицкоски со порака за Пендаровски: Политичар кој се плаши од својот народ треба да се спакува и да ја напушти политиката

Vecer | 01.08.2021

Мицкоски со порака за Пендаровски: Политичар кој се плаши од својот народ треба да се спакува и да ја напушти политиката

Политичар кој се плаши од својот народ треба веднаш да се спакува и да ја напушти политиката. Лидерство се покажува и во добри и во лоши моменти. Непочитување кон жртвата на хероите дадена за Македонија, македонскиот народ и нација претставува токму “циркузантската” минијатура во форма на мини колона која треба да ја предводи Претседателот, обезбедувана од два баталјони полиција без присуство на народ, во време кога пред 118 години хероите во Крушево ја завршиле работата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако денес претседателот Стево Пендаровски реагираше на тоа што Мицкоски нема да оди во Крушево.

Мицкоски вели дека жали што поради сопствениот страв од соочување со народот, големата лична суета и елитизмот власта сака да обезлич настан кој не е на политичарите, туку тоа е настан на народот.

- Народот кој се борел за Македонија, кој се бори и ќе продолжи да се бори. Вие еден ден нема да бидете Претседател и ќе заминете, ќе Ве паметат по тоа што ќе оставите позади Вас, но ќе Ве запаметат и по оваа кукавичка одлука да му го одземете на народот чествувањето на жртвата на Илинденците. Со кое право цензурирате традиција, тоа не го правеле ниту поробувачите, ниту комунистите, ниту најголемите негатори на македонскиот народ, посебност, култура и обичаи? Ве советувам да размислите за одлуката, не му го одземајте на народот тоа малку достоинство што му е преостанато, рече Мицкоски.

Мицкоски му порачува на Пендаровски да ги остави традицијата и обичаите да бидат такви какви што од баба на внук се пренесувале“.

-На Илинденците, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и останати не им требала лажна политичка порака за обединување, не им треба политички шпалир за да сите до еден го положат својот живот за Македонија, тоа го почувствувале, се прегрнале, Македонец со Влав, Македонец со Албанец со Турчин… и го дале својот живот за својата Македонија. Македонија може и без Вас и без мене и без политичарите, но што сме ние без неа и народот!? И на крај, честит Илинден! Да е жива Македонија, истакна Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk