Полициски Алфи влегоа во домот на Груевски

Полициски Алфи влегоа насилно во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Полицијата дојде пред домот на Груевски, откако тој не се јави во затворот во Шото Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк”.

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари