logo
logo
logo

Полицијата упаднала на прослава за пензионирање на Миленко Неделковски: Приведени и Пандов и Панчевски

Vecer | 27.02.2021

Полицијата упаднала на прослава за пензионирање на Миленко Неделковски: Приведени и Пандов и Панчевски

Новинарите Миленко Неделковски и Александар Митовски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, екс судијата Владимир Панчевски и уште 14 други лица биле приведени вчера при контрола на Државниот пазарен инспекторат и полицијата во угостителски објект во селото Стајковци.

„На 26.02.2021 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на улицата 6 во селото Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него има гости. Полициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од ковид-19“, соопшти полицијата.

Пандов за порталот 360 степени потврдил дека присуствувале на прослава по повод пензионирањето на Неделковски.

Според него, во 21.25 часот тие веќе заминувале од локалот, но ги пресретнала полицијата и ги повикала да дадат изјави во полициската станица во Гази Баба.

Пандев рекол дека полицијата била коректна и дека откако дале изјава, биле пуштени.

По документирање на случајот МВР најави дека против приведените ќе поднесе соодветни поднесоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk