logo
logo
logo

Полиција му тропнала на Ибин Емшиу кој СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА МУ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА НЕГА НА БРАТ МУ

Vecer | 13.09.2021

Полиција му тропнала на Ибин Емшиу кој СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА МУ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА НЕГА НА БРАТ МУ

Ибин Емшиу кој ги загуби својот брат и татко во несреќата во тетовската модуларна болница сведочеше за јавноста дека во тетовскиот ковид-центар му барале пари за нега на брат му.

Откако беше објавена неговата изјава, тој вели дека на врата му тропнала полиција, објави Дочје Веле.

Полициски службеник денеска го пронашол во тетовското село Синичане. Тој рекол, за што е сочинета и службена белешка, дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи.

Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано „Внимавај”. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот, велат од тетовската полиција.

Тој, исто така, им рекол на полициските службеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за „подобро да се грижеле за неговите најблиски“. Официјална пријава не е поднесена до СВР Тетово, ниту за заканите за живот, ниту во однос на тврдењата дека му биле барани пари за медицинска нега“, вели за ДВ Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Но, Емшиу реагира на ваквите наводи на полицијата.  Тој тврди дека не го сменил исказот во полиција и дека останува на своето сведочење. Тој за ДВ изјави дека му се заканувале дека ќе го убијат и дека е решен да ја каже вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, објави ДВ

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk