Полицијата го бара Груевски кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (ВО ЖИВО)

Полицијата е кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во портага по екс премиерот Никола Груевски. Се проверуваат сите автомобили кои влегуваат, излегуваат во катната гаража Тодор Александров

 

Полициски „алфи" претходно влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски, ниту дали полицијата го лоцирала.Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом имаат конкретни сознанија по потерницата.

Полицијата дојде пред домот на Груевски откако тој не се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на двегодишната казна затвор на која е осуден за случајот „Тенк".

Бидејќи Груевски беше недостапен за судските власти, по налог на кривичниот суд, МВР издаде потерница по поранешниот премиер, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк" на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес".

Поврзани

Најнови вести

Коментари