logo
logo
logo

Полицаец исклучувал семафор, ГО УДРИЛА СТРУЈА

Vecer | 11.05.2021

Полицаец исклучувал семафор, ГО УДРИЛА СТРУЈА

Полицаец бил удрен од струја додека исклучува семафор на раскрсница помеѓу булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, соопштија од МВР:

Како што се наведува несреќниот настан се случил околу 9:30 вчера наутро, а полицаецот бил однесен на болница за укажување на лекарска помош

„Вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварите „Беласица“ и „Гоце Делчев“, додека полициски службеник од СВР Скопје вршел службени дејства, се здобил со повреди, при исклучување на семафор (струен удар). Тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk