logo
logo
logo

ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ГАЗДА

Пола кафеани затворени заради непочитување на мерките, па и не мора да има ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Vecer | 09.03.2021

Пола кафеани затворени заради непочитување на мерките, па и не мора да има ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Синоќа во спроведена акција во тетовскиот регион, затворен е уште еден угостителски објект заради непочитување на работното време.

Имено, во 21: 50 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на автопатот Тетово-Скопје, при што било констатирано непочитување на работното време, односно во објектото биле затекнати  13 лица – гости.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а управителот на објектот В.Т.(30) од Тетово бил лишен од солбода и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk