logo
logo
logo

Весна Јаневска

„Покачувањето на платите со кое се фали СДС НЕ Е ДОВОЛНО ЗА КУБИК ДРВА“

Vecer | 04.10.2022

„Покачувањето на платите со кое се фали СДС НЕ Е ДОВОЛНО ЗА КУБИК ДРВА“

Прес конференцијата на Даниела Колева е крајно потценувачка за наставниците и безочна лага, или тотално незнаење. Во однос на покачувањето на платите на наставниците Колева вели дека во период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 11 години платите на наставниците биле зголемени само за 4%. Невидена ЛАГА затоа што во тој период платите на наставниците беа зголемени најголемата за 67%, а најмалата за 117%, реагира професор д-р Весна Јаневска.

Посочува дека најновото покачување на платите кое го направи СДСМ-ДУИ изнесува просечно 3000 денари.

-  Ја информирам Колева дека ова не е доволно ни за еден кубик дрва, ниту за плаќање на парно и струја, а да не зборувам за нега на мало дете во семејството на наставникот, вели Јаневска.

Таа посочи дека во однос на подобрување на условите за работа Колева вели дека до сега се реконструирани или изградени 80 училишта и ја потсетува и неа и Владата на СДСМ-ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 училишта и реконструираше 400.

– За волја на вистината, во време на Мила Царовска се направија помали реконструкции, како што се реконструкции на тоалети во училиштата, кои според нејзина изјава за 2-3 години се распаднаа “заради неодржување“. Сега најучтиво ја молам Колева да приложи список на новоизградени училишта и да не просветли, затоа што освен „Киро Глигоров“ кое е проект на ВМРО-ДПМНЕ за друго во Скопје не знаеме, а исто така освен доградби и за во внатрешноста не сме чуле. Конечно за промената на тарифата на струјата, истакна таа.

Додаде дека ако Колева имаше било какви сознанија од образованието ќе знаеше дека промената на тарифата Владата ја направи под силен притисок На ВМРО-ДПМНЕ.

-  И’препорачувам да ги погледне моите постови и медиумски изјави, планот за решавање на енергетската криза на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски и бројните изјави на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не ја гледам смислата на ваков прес. Кому му е наменет? Наставниците не се малоумни, населението не е слепо и глуво, додава Јаневска во својата објава.

Претходно Колева изјави дека платите на наставниците за пет години ги зголемиле за 36 отсто.

„Од вкупно 32.500 вработени во основното и средното образование, кои добиваат повисоки плати, 25.000 се наставници, а покачувањето изнесува просечно по 3.000 денари. Со последното зголемување, СДСМ за пет години ги покачи платите 36 отсто, што е повеќе од една третина.

Тоа е далеку поголемо зголемување на платите од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени едвај четири проценти“, дополни Колева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk