logo
logo
logo

ОЈО Прилеп

Поднесено обвинение за прилепскиот тренер по џудо заради полови дејствија врз деца

Vecer | 21.07.2021

Поднесено обвинение за прилепскиот тренер по џудо заради полови дејствија врз деца

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по  член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член  189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година,  во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk