logo
logo
logo

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Од утре СНЕГ, МРАЗ и МИНУСИ

Vecer | 11.02.2021

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Од утре СНЕГ, МРАЗ и МИНУСИ

Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk