logo
logo
logo

ПОД 10 ОТСТО од пациентите на респиратор успеваат да се излечат

Vecer | 28.04.2021

ПОД 10 ОТСТО од пациентите на респиратор успеваат да се излечат

Многу малку или под десет отсто од вкупниот број КОВИД-пациенти поставени на инвазивна вентилација успеале да се излечат. На хируршките клиники во моментов осум пациенти се на респиратор. Меѓу нив има и млади, а најмладиот е 40-годишен.

Како што изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, од сите досегашни пациенти на механичка вентилација, најмладиот кој завршил лошо, имал 23 години.

– Механичката вентилација се користи како последна метода за да се спаси животот на некој пациент. Но, во огромен број случаи кога пациентите се ставаат на механичка вентилација, не се пореметува белодробниот систем, туку настанува тромбоза на најмалите крвни садови кои го хранат. Затоа крајната фаза, за жал, во најголем број случаи завршува со лош исход, истакна Филипче.

Од почетокот на КОВИД-кризата досега на близу 800 болничкии кревети има новопоставен ценрален довод на кислород.

-Сосема е доволна оваа количина во овој момент, рече Филипче по приемот на норвешката донација од 100 респиратори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk