logo
logo
logo

Почнува вакцинацијата во Македонија, први ќе се вакцинираат здравствените работници

Vecer | 17.02.2021

Почнува вакцинацијата во Македонија, први ќе се вакцинираат здравствените работници


Денеска, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, ќе почне вакцинирањето на здравствените работиници што работат во ковид-центрите во целата држава.

Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал што работи на Инфективната клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница, каде што има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствниот дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

На секој здравствен работник што ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Викендов во нашата земја од Република Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот „Фајзер“. Со оваа пратка вакцини имунизацијата ќе се споведува само во модуларната болница во Скопје. Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини во другите здравствени домови во земјата, каде што вакцинацијата ќе се спроведува во постојните вакцинални пунктови.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk