logo
logo
logo

Почнува скринингот: Средношколци денеска ќе се тестираат за ковид-19

Vecer | 20.10.2021

Почнува скринингот: Средношколци денеска ќе се тестираат за ковид-19

Денеска започнува скринингот на учениците во девет средни училишта во Скопје. Како што најавија од Министерството за здравство во текот на денот ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата скринингот продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Средношколците ќе се тестираат во посебна просторија во училиштата и за еден ученик нема да трае повеќе од една минути. Истото, потенцираат здравствените власти, е безболно и безбедно односно со земање брис од грлото и носната шуплина.

„Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот ковид-19 помеѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата“, велат од Министерството за здравство.

Оттаму апелираат на поддршка од родителите да дадат поддршка односно согласност за овој процес за да се обезбеди одвивање настава во безбедни услови односно со заштита на здравјето на децата.

Скринингот ќе се спроведува и во основните училишта, а вкупно на територија на државата треба да опфати 8 200 ученици. Учениците се бираат по случаен избор преку електронскиот дневник, по што се бара согласност од нивните родители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk