logo
logo
logo

Почна судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

Vecer | 07.12.2022

Почна судењето за пожарот во тетовската модуларната болница

На четвртиот обид, денеска во Основниот суд во Тетово почна судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември 2021 година во која 14 луѓе ги загубија животите, а имаше и десетина повредени лица. Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучески и Клиничка болница Тетово како правно лице, по прозивката на судијата истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат. Главната расправа продолжи со барање на сите бранители на обвинетите да се читаат докази од страна на Обвинителството, по што судијата даде пауза. До судење дојде откако на 27 јули 2022 Обвинителството поднесе обвинителен предмет од Основен суд Тетово. Обвинителството десет месеци водеше истрага во која стручни анализи и вештачења беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, електроинжинер и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред, информираше обвинителството. Пред два дена започна и отстранување на остатоците од изгорената модуларна болница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk