Почна седницата за уставни измени, дојдоа Мукоски и Василевски

Седницата за уставни измени која требаше да почне во 21 часот, почна, со задоцнување од еден час. Во салата се присутни и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, на кои Апелацискиот суд им го укина куќниот притвор.

На почетокот на седницата спикерот Талат Џафери рече добил известување од пратеникот Никола Поповски дека не може да присуствува на седницата.

Седницата требаше да почне во 12 часот, по што беше презакажана за во 15, за конечно спикерот Талат Џафери да ја закаже за во 21 часот.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека на пратениците им се нуделе пари за да гласаат „за“.

СДСМ ги демантираше ваквите тврдења и најави кривични пријави.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари