ИН МЕМОРИАМ

Почина Вера Ацева

На 87 години вчера во Скопје почина Вера Ацева, борец и народен херој од НОВ.
Ацева е родена во с. Ореовец, Прилепско. Беше еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди, заменик-политички комесар на Првата македонско-косовска бригада, политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ и учесник на АСНОМ.
По ослободувањето Ацева беше член на Владата на НР Македонија, член на Сојузниот извршен совет, пратеник во повеќе состави на Собранието на НРМ и на СФРЈ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари