logo
logo
logo

Почина легендарниот снимател Гањо, кој ги направи првите снимки по скопскиот земјотрес

Vecer | 21.05.2021

Почина легендарниот снимател Гањо, кој ги направи првите снимки по скопскиот земјотрес

Почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски, Гањо. Легендарниот Гањо е познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963 година но и човекот на кого му се поклонуваше целата снимателска фела  и еден од ретките кој ги снимаше настаните на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито

Неговата кариера ја краса бројни признанија и награди, а  Гањо  со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, без чии дела тешко дека денес може да се реконструира дел од видео приказната за Скопје и Македонија.

Кобното утро на 26 јули бил во својот дом, речиси ништо не навестувало на доаѓањето на големата катастрофа и се било мирно и тивко.

Гањо претходниот ден купува десет филмови за неговиот фотоапатрат , незнаејки дека фотографиите од тие филмови ќе го обиколат целиот свет, откако скопјани ќе се разбудат во рушевините во 5 часот и 17 минути, а тој прв ќе ги документира човечките судбини.

Популарниот Гањо беше сведок на неколку војни и природни катастрофи,земјотреси низ светот. Со неговиот фото објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk