logo
logo
logo

Почина човекот кој НА РАЦЕ ГО НОСЕА ПЕТ ЧАСА ВО КРАТОВСКО

Vecer | 06.04.2021

Почина човекот кој НА РАЦЕ ГО НОСЕА ПЕТ ЧАСА ВО КРАТОВСКО

Почина 63-годишниот пациент кој екипа на итната медицинска помош пет часа пеш го носеше по тежок планински терен. Оваа информација за Сител ја потврдуваат од штипската болница.

Портпаролката на болницата, Марина Шуманска вели дека причините за смртта се мозочното крварење и хипотермијата.

Како што се наведува пациентот неколку дена лежел на хируршкото одделение, бил во коматозна состојба и за жал сабајалето во 7 часот починал како последица на мозочното крварење и премрзнатоста.

- Тука му се направени сите испитувања и следувања. Направена е компјутерска томографија каде што е констатирано мозочното крварење, по изјавата на неврохирургот, без можност хируршки да се интервенира. Така пациентот беше задржан неколку дена на хируршкото одделение, како што ви кажав, бил во коматозна состојба, стабилен неколку дена, но критичен за сабајлето да подлегне сите тие повреди кои што ги имал, вели Шуманска за Сител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk