logo
logo
logo

ПОЦ и денеска НЕ ЗАПРЕ СО КАЗНИ во слободни зони (ФОТО)

Vecer | 09.06.2021

ПОЦ и денеска НЕ ЗАПРЕ СО КАЗНИ во слободни зони (ФОТО)

Откако вчера објавивме дека фрчат казни од Јавното Претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ дури и на локации каде што не се надлежни, денеска повторно истата слика. Од ПОЦ повторно и денеска лепат казни на места за кои не се надлежни.

https://vecer.mk/makedonija/875041/

Од денешните фотографии кои ги доби Вечер.мк, повторно се гледа како ПОЦ залепиле казна на иста локација, за која не би требало да казнуваат.

Оттука се поставува прашањето дали касата на Јавното Претпријатие „Паркинзи Општина Центар“ е празна и на овој начин сакаат да ја наполнат, по добро познатиот пример на оваа власт, дека кога и да фалат пари во кој и да е буџет, прво што им текнува е да удрат по џебот на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk