По вербална расправија едниот извадил нож, а другиот пиштол во детска градинка

Во детската градинка на улица „Рокомија“ во Скопје во текот на вчерашниот ден дошло до вербална расправија помеѓу двајца скопјани, по што едниот извадил пиштол, а другиот нож, информираат од МВР.

„Според пријавеното, З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. По преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., при што кај истиот бил пронајден пиштолот“, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека лицето кое извадило нож, по расправијата го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари