logo
logo
logo

По најава за доаѓање на Мицкоски, ПУШТЕНО ПРИВЕДЕНОТО МОМЧЕ КАЈ МАВРОВКА (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2021

По најава за доаѓање на Мицкоски, ПУШТЕНО ПРИВЕДЕНОТО МОМЧЕ КАЈ МАВРОВКА (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 3 часот започна со протести  на повеќе раскрсници во Скопје но и во уште неколку градови низ Македонија. Во Скопје се протестираше на раскрсниците кај Собрание и Градска Болница, кај Нова Македонија и раскрсницата кај Мавровска.

ВМРО-ДПМНЕ бара власта да го покаже патоказот со Бугарија и да не се дозволат преговори за идентитетот, јазикот и историјата, односно власта да не ја прифаќа бугарската Декларација.

На блокадата кај раскрсницата кај Мавровка настана инцидент на кој приведено беше момче од страна на полицијата, од засега нејасни причини.

Сепак како што дознаваме, момчето потоа е пуштено по најавата за присуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на блокадата кај Мавровка, но и под притисок на демонстрантите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk