logo
logo
logo

По Макфакс, а1он, Репортер.. и Вечер излегува од агрегаторот Time.mk

Vecer | 23.02.2021

По Макфакс, а1он, Репортер.. и Вечер излегува од агрегаторот Time.mk

Групацијата Клип медиа неодамна реши со своите 8 портали да излезе од индексирање на агрегаторот Time.mk поради тоа што Тајм врши селекција и неравноправно објавување на порталите согласно нивната читаност, туку воведува партиски етикети на наши и нивни и според тоа објавите на порталите стануваат достапни, или недостапни за читаност на агрегаторот Тајм кој врши провладина функција во цензурирање на медиумите.

Од тие, и слични причини, и најстариот и најчитан информативен портал во Македонија, со база од над 580.000 текстови за овие 17 годни - Вечер.мк, реши да излезе од агерагаторот Тајм за што денес го достави следниот допис:

Почитувани,

Ве известуваме дека Вечер.мк до вас доставува барање за бришење од индексирање на порталот Вечер.мк

Причините за тоа се веќе познати, објавени од групацијата Клип медија, а воглвно се состојат во податокот дека агрегаторот Time.mk врши новластенo политичко селектирање и етикетирање на порталите кои ги индексира и пренесува нивни наслови за потреби на сопствена читаност на агрегатороoт Тајм.

Надвор од етички и професионални стандарди е на медиум, или лице, јавно да му се лепи партиска и политичка етикета според вкус и критериуми на агрегатор за вести.

Освен тоа, се јавува и лице кое за себе тврди дека е уредник на агрегатопр за вести, сајт кој нема никакво авторсво во својата содржина за да има уредник кој содржините ќе ги - уредува.

Агрегаторот Тајм нема сопствени содржини, и не може ни да има уредник освен доколку под уредување не се подаразбере цензура на објави и избор за политичко и партиско етикетирање, што за нас како професионалци и информативен портал со најдолга традиција во Македонија не е прифатливо, и не би сакале да учествуваме во тоа.

Гледано со вашите мерила: Видливо е и свесно селектирање и фаворизирање на провладини портали (термин според критериуми и речник на Тајм) во објавите кои се минорни и маргинални на пазарот но, во објавите на Тајм, доминираат и се фаворизираат со што, според речникот на Тајм.мк, се врши политичко фаворизирање на власта во однос на другите ставови и мислења, а Тајм станува омилен агрегтор на провладините читатели.

Ви посакуваме успешна работа, и по евентуална промена на вашите амбиции да бидете политички судии во медиумискот простор, доколку има заеднички интерес, подготвени сме во нови околности за можна соработка во иднина.

Поздрав,

Вечер.мк

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk