logo
logo
logo

По македонските новинари, во Србија ќе се вакцинираат и полицајците

Vecer | 23.03.2021

По македонските новинари, во Србија ќе се вакцинираат и полицајците

Независниот синдикат на полицијата на својата страница на фејсбук објави дека во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.

🗣️ Ве известуваме дека Независниот Синдикат на Полицијата, во соработка со збратимените синдикати од Р. Србија е во...

Posted by Независен Синдикат на Полицијата on Tuesday, March 23, 2021

 

Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме, велат од Независниот синдикат на полицијата.

Денеска, во организација на македонската асоцијација на новинари МАН и Здруженето на новинарите на Србија (УНС) 100 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа против ковид-19 во Врање, Србија со „Астра Зенека“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk