ПМ10 честичките во воздухот и вечерва над дозволеното

Мерните станици и вечерва покажуваат високо ниво на ПМ10 честички во воздухот. Според мерењата и резултатите објавени на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, во Центар концентрацијата во воздухот со ПМ10 честички изнесува 119 микрограми.

Воздухот е загаден и во Миладиновци и Бутел, каде се измерени 118 и 114 микоргами.

На листата на табелата првите со највисоки концентрации на ПМ10 честичките во воздухот вечерва се Карпош и Ректорат, каде се измаерени 142 микоргами и 156 микограми на метар кубен.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари