УСПЕХ НА “КОМПАНИ” ОД НОВ ДОЈРАН

Пласирани над 50 тони маслинки

ЛМК “Компани” од Нов Дојран, во земјава и странство, успеа да пласира над 50 то­ни од најбараните и наквалитетни сорти маслинки (“халкидики” и “хам­фис”), познати по својата сочност и големина. Во единствената фабрика во Ма­ке­до­ни­ја за производство и преработка на маслинки не го кријат за­до­волс­тво­то од ваквиот потфат.

На сопствените плантажи на површина од 32 ха во полн ек е резидбата и под­го­то­вка на нови 6.000 садници под маслинки и 4.000 садници од диви смокви, чие расадување од страна на кооперантите треба да почне кон крајот на август. Фабриката извонредно соработува со нив и има главна заслуга за ши­ре­ње­то на оваа доходовна култура на површина од над 70 ха на подрачјето на општините Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија. (Т.К.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари