logo
logo
logo

Николов: Нема да има политика на конфротација со Македонија, АМА НЕ ОТСТАПУВАМЕ ОД НАИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

Vecer | 31.07.2021

Николов: Нема да има политика на конфротација со Македонија, АМА НЕ ОТСТАПУВАМЕ ОД НАИОНАЛНИОТ ИНТЕРЕС

Вчера бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за составување нова влада на Пламен Николов од политичката партија „Има таков народ” на Слави Трифонов. Николов изјави дека ќе направи сè што е во негова можност за да формира влада во законскиот рок.

Николов вчера гостуваше во бугарската национална телевизија БНТ,  каде неизбежна беше и темата Македонија. Тој изјави дека ако формираат Влада, нема да водат политика на конфронтација, но бугарскиот национален интерес е во прв план.

– На никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин или на начин кој се применува од други балкански држави. Но, ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес. Како точно ќе го направиме тоа, можеби со ревизија на Договорот или со негово преразгледување. Со сигурност нема да биде насока на конфронтација – рече Николов.

Бугарското Министерство за надворешни работи вчера изрази разочараност што во Собранието е донесена Резолуција за македонските „црвени линии” во преговорите со Софија. Бугарското МНР наведува дека жалат што Резолуцијата е донесена во време кога, како што наведуваат, билатералниот дијалог започнал да преминува во попозитивна фаза и изразија очекување дека Резолуцијата ќе биде објавена за да може да ја анализираат и да видат дали одговара со Договорот за пријателство што двете земји го потпишаа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk