Пиволенд со ново име се сели на нова локација

Град Скопје го најави почетокот на традиционалниот Пиволенд, што годинава ќе добие нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.

„Skopje Beer Fest“ ќе се одржи од 20-ти до 22-ри септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

– “Skopje Beer Fest“ годинава ќе понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности. Новиот концепт на „Skopje Beer Fest“ има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, креирање на можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Град Скопје како град на љубителите на пивото, најави градот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари