logo
logo
logo

Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното

Vecer | 20.01.2022

Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното

-Пиунот Ковачевски предизвика инфлација како заменик министер, а потоа ја поскапи струјата и парното, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение, утрово испратено до медиумите. -Пиунот Ковачевски е директно виновен за сите негативни ефекти во економијата. Тој е заменик министер за финансии додека долгот надмина 60% од БДП, додека имаме најмал број на странски директни инвестиции во регионот и додека стопанството и граѓаните се соочени со инфлација. Истиот Ковачевски и СДСМ со нивната неспособност придонесоа за раст на цената на струјата и парното од 15%. Од овој месец граѓаните ќе плаќаат по најмалку 1.500 денари повеќе како резултат на неспособноста на СДСМ и Ковачевски навреме да ископаат јаглен и да обезбедат евтин гас, стои во реакцијата на партијата. Оттаму додаваат дека со СДСМ и пиунот Ковачевски не може да биде подобро. -Секој месец поминат со нив е се полош. На Македонија и се потребни брзи предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе знае да се справи со предизвиците, додаваат од опозициската партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk