logo
logo
logo

ПИШМАН АЏИЈА! Рашковски прифатил, па ОДБИЛ ТВ ДУЕЛ со претставник од ВМРО-ДПМНЕ на Само вистина

Vecer | 10.04.2021

ПИШМАН АЏИЈА! Рашковски прифатил, па ОДБИЛ ТВ ДУЕЛ со претставник од ВМРО-ДПМНЕ на Само вистина

Екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски, првин прифатил а потоа одбил да гостува на емисија на Канал 5, објави телевизијата.

Оттаму велат дека веднаш по информацијата дека тој заминал на одмор во Мексико, во ек на аферата за набавката на софтверот, стапиле во контакт со него, а тој  изрази подготвеност веднаш по враќањето да се појави на ТВ дуел со претставник на ВМРО-ДПМНЕ.

- Потврда за ова добивме на 31 март, но потоа од за нас непознати причини, тој се предомисли. Како алтернатива, а се во интерес на јавноста и одговорите што ги должи, му беше понудено гостување во „Само Интервју“ на 9 април, што првично исто така беше прифатено, и од тие причини најавено на нашата програма. Но, за жал, Рашковски по неколкудневна интензивна комуникација на 6 април, во вторникот, не информираше дека нема да може да гостува поради "објективни причини" и дека „жали но ќе мораме да си бараме друг гостин“, велат од телевизијата.

Рашковски самиот објави дека е подготвен да се сретне на тв дуел со претставник на ВМРО-ДПМНЕ, но се уште нема објавено зошто точно одбил гостување на Канал 5

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk