,,Пежо” удри во 78-годишен скопјанец

78-годишен скопјанец е повреден откако возило удрило во него. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Д.К.(69) од Скопје управувајќи „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешак Б.А.(78) од Скопје. Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари