logo
logo
logo

Петрушевски за Николовски: Или си политички неписмен или работиш на штета на македонските интереси

Vecer | 05.02.2023

Петрушевски за Николовски: Или си политички неписмен или работиш на штета на македонските интереси

Пендаровски и Ковачевски да кажат, дали Љупчо Николовски е дел од структурите кои шират антимакедонско расположение во односите со Бугарија. Неколку часа по јавно објавената понуда од страна на претставник на бугарско здружение, за награда за секој еден кој ќе го каже името на еден од полицајците кој вчера си ја вршеа работата на граничниот премин Деве Баир, Љупчо Николовски напиша фејсбук статус со кој го обелодени неговото име, и го стави на мета на бугарските шовинисти, истакнува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: Дали Љупчо Николовски е политички неписмен или свесно го пиша името на полицаецот кој на 4 ти февруари работел на ГП Деве Баир? Доколку е неписмен, тој треба да си замине од политиката, доколку пак свесно го објавил, исто така треба да си замине зошто работи на штета на сопствената држава. Николовски за да ја прикрие неговата намера може да каже дека службеникот му е другар, и да вади фотографии или да побара да се фотографира со службеникот, кој достојно си ја вршеше работата, но тоа нема да ја смени реалноста дека или е политички неписмен или работи против македонските интереси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk