logo
logo
logo

Петрушевски: Рашковски имаше и претходно афери, си ја користел позицијата за да направи сопствен бизнис и да профитира

Vecer | 15.04.2021

Петрушевски: Рашковски имаше и претходно афери, си ја користел позицијата за да направи сопствен бизнис и да профитира

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во гостување во емисијата Утро со Златев, говорејќи за актуелните случувања со вели дека се надева дека ќе заживее законот на ВМРО-ДПМНЕ за испитување на имотната состојба на функционерите па така ќе може јавноста да дознае како може Драги Рашковски со службеничка плата да купува толку скап автомобил и да живее во таков раскош.

„Ние како опозиција баравме Закон за имот се надевам дека ќе дојде на дневен ред во Собранието и ќе заживее тој закон па да видиме како тоа може со службеничка плата некој да живее во еден таков раскош и да купува автомобил толку скап, вели Петрушевски.

„Драго ми е што слушнав изјава од претседателката на ДКСК дека сето тоа ќе било испитано. Меѓутоа за да ги поврземе работите ако се навратиме малку наназад освен онаа последната афера на Драги Рашковски кој што самиот си измислил софтвер па самиот како Генерален секретар на владата си го купил тој софтвер за МВР, каде што беше изјавено за МВР дека не им треба, тој имаше серија на афери претходно и со набавките на М-НАВ, рече тој.

Петрушевски, посочи дека владините функционери ги користат своите позиции да си прават сопствени бизниси и преку тоа длабоко да ги наплаќаат и на тој начин да профитираат.

„Логично прашање кое што треба да си го одговори Рашковски, а кое што си го поставува јавноста, а јас еве вака како политичар можам да понудам свој одговор дека во оваа држава таквите позиции очигледно се многу моќни во влада, секретаријат на влада, министерства кои што овозможуваат на луѓето да си прават сопствени бизниси, а со тоа дебело да наплаќаат и да профитираат, рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk