logo
logo
logo

Петрушевски: Медицински сестри НАБРКАНИ НА УЛИЦА ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ КАДРИ ОД ДУИ во болницата во Куманово

Vecer | 19.03.2023

Петрушевски: Медицински сестри НАБРКАНИ НА УЛИЦА ЗА ДА СЕ ВРАБОТАТ КАДРИ ОД ДУИ во болницата во Куманово

ДУИзација на Куманово! Четири искусни медицински сестри набркани од работа само затоа што се Македонки, пишува Бране Петрушевски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од СДС, кои веќе 4 години работеле таму по договор, вели тој.

Додава дека директорот, поставен од ДУИ си ги  вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки.

- По овој настан, претседателот на ОО на СДС Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ. Ги повикувам надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово, стои во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk