logo
logo
logo

Петрушевски: Импулсот на граѓаните ни кажува дека за многу скоро на Македонија ќе и се случат сериозни промени, а власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари

Vecer | 03.06.2023

Петрушевски: Импулсот на граѓаните ни кажува дека за многу скоро на Македонија ќе и се случат сериозни промени, а власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети кривопаланечките населени места Луке, Узем, Жидилово, Дурачка река и Станци од каде истакна дека и таму како и во цела Република Македонија граѓаните живеат тешко, но импулсот на народот кажува дека на ваквата неспособна власт и доаѓа крајот.

„Епската неспособност се одликува и на централно ниво, каде што имаме премиер кој што е неспособен сам да отиде на лидерска средба, туку му е потребен некој да му го чува грбот, истакна Петрушевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го слуша гласот на народот чиј импулс кажува дека за многу скоро на Република Македонија ќе и се случат сериозни промени и власта на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари.

„Ние продолжуваме заедно со граѓаните да го слушаме гласот на народот, да го слушаме и да го чуствуваме импулсот, а тој импулс ни кажува дека на Република Македонија многу скоро ќе и се случат сериозни промени. Многу скоро оваа однародена власт на ДУИ поддржана од СДС ќе почне да си ги враќа украдените пари и да одговара за сите маки ки што им ги имаат направено на овие граѓани за овие шест години“, потенцираше Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk